Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

ВИДЕО | Не блескаше само Алисон: И Шчесни имаше неверојатна вечер на голот на Барселона

Полскиот голман Војчех Шчесни во вчерашната победа на Барселона над Бенфика од 0:1 го имаше еден од своите најдобри натпревари во кариерата.

Иако голот за победа го постигна Рафиња, сепак Шчесни е херојот на Барселона бидејќи не дозволи да биде совладан. Бенфика кон голот на Барселона испрати 26 удари и осум од нив одеа во рамките од голот, но Шчесни не дозволи да биде совладан.

Имаше Шчесни и неколку посебно добри интервенции на удари од непосредна близина. Одбраните на Шчесни беа и рекорден број удари кој ги одбранил еден голман на Барселона уште од 2003 година.

Ќе потсетиме, Шчесни за да потпише за Барселона се врати од „пензија“ која ја ја објави неколку месеци претходно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!