фото: принтскрин/youtube.com/@kron4tv

ВИДЕО: НБА лигата со едноминутно молчење му оддаде последна почит на Дејан Милојевиќ

Идентична увертира имаа и НБА кошаркарските натпревари кои се одиграа ноќта меѓу средата и четвртокот – започнаа со едноминутно молчење во спомен на починатиот Дејан Милојевиќ, легендарниот српски кошаркар кој работеше како член на стручниот штаб на Голден Стејт.

Првично требаше да се одиграат 10 натпревари од НБА лигата, но Јута и Голден Стејт очекувано ја одложија средбата, а останатите девет започнаа со едноминутно молчење во спомен и во чест на големиот и неповторлив Србин Дејан Милојевиќ.

Во познатиот „Стејплс центар“ беше целосно мрачен, а освен спикерот кој зборуваше за Милојевиќ ништо не се слушаше. Ова го објави „Бличер Рипорт“ кој објави видео пред натпреварот помеѓу Лос Анџелес лејкерс и Далас маверикс.

Истата ситуација беше и во култниот „ТД Гарден“, каде Бостон беше домаќин и го совлада Сан Антонио со убедливи 117:98, но јасно е дека, барем за луѓето во Србија, резултатите од сите натпревари од НБА лигата останаа во втор план поради прераното заминување на великанот и спортист кој почина на 47-годишна возраст.

НБА лига, резултати

Детроит – Минесота 117:124
Атланта – Орландо 106:104
Бостон – Сан Антонио 117:98
Кливленд – Милвоки 135:95
Њујорк – Хјустон 109:94
Торонто – Мајами 121:97
Њу Орлеанс – Шарлот 132:112
Л.А. Лејкерс – Далас 127:110
Одложено Јута – Голден Стејт (одложено)
Портланд – Бруклин 105:103

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот