Навивачите на двете екипи се пресметаа во центарот на Крагуевац/принтскрин/твитер

ВИДЕО: Навивачка „војна“ во Крагуевац, тепачка помеѓу навивачите на Раднички и Црвена звезда

Навивачите на Раднички Крагуевац и на Црвена звезда, популарните Црвени ѓаволи и Делије, се испотепаа пред натпреварот.
На социјалните мрежи се појавија видеа од тепачката помеѓу навивачите на двете екипи, како и интервенцијата на српската полиција.

Пред тепачката, навивачите на Црвена звезда со навивачки песни ги прозиваа навивачите на Раднички во центарот на Крагуевац по што следеше одговор, односно поголема група на Црвените ѓаволи се пресмета со Делиите.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот