Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

ВИДЕО | Навивачите загрижени: Што разговараше Ван Дајк со раководството на ПСЖ?

Екипата на Ливерпул го заврши настапот во Лигата на шампионите со вчерашната елиминација по изведувањето на пенали од Пари Сен Жермен.

По натпреварот на „Енфилд“ во центарот на внимание се најде дефанзивецот Вирџил Ван Дајк.

Имено, договорот на холандскиот дефанзивец со Ливерпул истекува на лето и засега е неизвесно дали ќе продолжи да биде дел од тимот на Слот.

Навивачите на „црвените“ сега се загрижени поради сцената во која Ван Дајк неколку минути разговараше со првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи и спортскиот директор Луис Кампос.

Според медиумите тема на разговорот на Ван Дајк со челниците на ПСЖ е токму можноста да започнат преговори за преселба во Париз како слободен играч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот