фото: EPA/SARAH YENESEL

ВИДЕО | Наоми Осака во првото грен слем полуфинале од 2021 година

Наоми Осака од Јапонија се пласираше во полуфиналето на Отвореното првенство на САД, нејзино прво полуфинале на грен слем турнир од 2021 година кога беше меѓу најдобрите четири тенисерки на Австралија опен чиј пехар го освои подоцна.

Осака во четвртфиналниот дуел на САД опен ја совлада Каролина Мухова од Чешка со 2-0 во сетови (6:4, 7:6).

Осака спаси една брејк топка на самиот почеток, а потоа во 10 гем од сетот стигна до 0:40 и ја искористи втората сет топка за водство од 1-0 во сетови.

Мухова, која, како и во претходните мечеви, имаше проблем со бутот, поведе со брејк во првиот гем од вториот сет, но веднаш го загуби сервисот.

Чешката тенисерка потоа водеше со 5:4, имаше шанса да сервира за израмнување, но Јапонката повторно успеа да направи рибрејк, да го одведе сетот во тај-брејк во кој беше подобра со 7:3.

Осака ќе игра во полуфиналето против Американката Аманда Анисимова, која претходно ја елиминираше Ига Швјонтек. Во второто полуфинале ќе настапат Арина Сабаленка и Џесика Пегула, финалистките од минатата година.

Интересно е што Наоми Осака го освоила секој грен слем турнир на кој стигнала до полуфиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!