Поплави во Индија/Фото: Dasarath Deka / Zuma Press / Profimedia

ВИДЕО | Најмалку 15 жртви во поплавите во северна Индија

Лизгањето на земјиштето и обилните дождови што вчера ја погодија индиската хималајска држава Утаракханд однесоа најмалку 15 животи, додека 16 други се водат како исчезнати, објавија денес индиските медиуми.

Снимки покажуваат како калливи води го поплавуваат градот Сахастрандара, во округот Дехрадун, вчера, предизвикувајќи штети на продавници, патишта и домови, а граѓаните се принудени да бараат засолниште.

„Мојата продавница беше однесена од водата“, изјави еден жител за новинската агенција АНИ, додавајќи дека тоа е една од седумте продавници што ги однесе водата на пазарот.

„Нема никаква трага од нив“, додаде тој.

Вчера, службените лица пронајдоа 13 тела од Дехрадун и по едно од областите Питорагарх и Наинитал, објави весникот „Индијан експрес“.

Утаракханд често е погодена од поплави и лизгање на земјиштето, што некои експерти го припишуваат на климатските промени.

Во август, поплави и свлечиште го зафатија селото Дарали во оваа држава, а според властите, 60 лица сè уште се водат како исчезнати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот