Фото: Screenshot

ВИДЕО | „Најк“ пронајде нов „бисер“: Потпиша договор со осумгодишно дете од Бразил

Фудбалскиот свет доби ново „чудо од дете“, и тоа од редовите на славниот бразилски клуб Фламенго. Осумгодишниот Натанзињо веќе го привлече вниманието на светската јавност откако стана најмладиот фудбалер во историјата на клубот кој потпишал спонзорски договор со спортскиот гигант „Најк“.

Младиот напаѓач е дел од академијата на Фламенго и зад себе има одлична сезона во тимот до осум години. Со 18 постигнати голови беше најдобар стрелец во државното првенство за својата возраст, а блескаше и на меѓународниот турнир „Иберкуп“ во Рио, каде што даде уште 11 погодоци и ја освои наградата за најдобар играч.

Американската компанија „Најк“ одлучи навреме да се осигура и веќе потпиша договор со талентираниот Натанзињо, надевајќи се дека тој ќе го следи патот на најголемите бразилски фудбалски ѕвезди. Сличен потег „Најк“ направи и во 2020 година со Кауан Басиле, кој тогаш како осумгодишник исто така потпиша договор, а денес има милионски број следбеници на социјалните мрежи и соработува со Нејмар.

Но, не секоја приказна има експресен развој. Потсетување е и примерот на Јусуфа Мукоко, кој како 14-годишник потпиша богат договор со истата компанија, но денес не е дел од европската елита, туку настапува за Копенхаген.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот