
ВИДЕО | На денешен ден пред 15 години се одигра најдолгиот тениски меч во историјата: Траеше повеќе од 11 часа
На денешен ден, 24 јуни 2010 година, американскиот тенисер Џон Изнер и Французинот Никола Маху испишаа историја откако на Вимблдон го одиграа најдолгиот меч што некогаш се случил на некој грен слем турнир. Епскиот дуел заврши со победа на Изнер од 70:68 во петтиот сет, по неверојатни 11 часа и 5 минути игра, распоредени во три дена.
Препорачано
Поради мракот, мечот двапати беше прекинуван, а решавачкиот сет сам по себе траеше цели 8 часа и 11 минути, со вкупно 138 одиграни гема, бројка што и денес изгледа незамисливо. Двајцата играчи покажаа неверојатна физичка и ментална издржливост, борејќи се до последниот поен без знак на предавање.
Иснер, кој на крајот ја однесе победата, постигна рекордни 113 ас-сервиси, додека Маху дојде до 103, поставувајќи заеднички нов светски рекорд по број на асови во еден меч.
Овој натпревар не беше само статистички феномен, тој стана симбол на човечката истрајност и границите на спортската издржливост. По овој тениски меч, организаторите на Вимблдон беа приморани да направат промена и од 2019 година, при резултат 12:12 во одлучувачкиот сет, се игра тај-брејк за да се избегне „бескрајна“ борба како таа меѓу Изнер и Маху.