
ВИДЕО | МВР и Црвен крст со показна вежба за последиците од употребата на пиротехника
Денеска на плоштадот Македонија во Скопје, СВР Скопје-Одделение за превенција и Црвениот крст на град Скопје организираа показна вежба во склоп на кампањата за превенција од употреба на пиротехнички средства, а во која се презентираа ризиците од употреба на пиротехника, со цел да се влијае на свеста на граѓаните да не ги употребуваат овие средства. Покрај тоа, на граѓаните им беа поделени едукативни материјали изработени во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Препорачано
Министерството за внатрешни работи продолжува со превентивни кампањи со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници. МВР презема и репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба, велат од МВР.
Како што стои во нивното соопштение, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба за оној кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните.