Дејви Чејс, Диди и Ештон Качер на доделувањето на филмските награди на Ем-ти-ви во 2003 година / Фото: Profimedia

ВИДЕО | Морничава снимка со Диди стана вирална: Раперот поканил 13-годишно девојче на приватна забава

Деновиве на социјалните мрежи се прошири уште една стара, морничава снимка со американскиот рапер Шон Комбс, познат како Диди. Видеото е од 2003 година, на доделувањето на филмските награди на Ем-ти-ви, а на него се гледа како тогаш 33-годишниот Диди ѝ приоѓа на актерката Дејви Чејс, која тогаш имала 13 години.

„Дали ќе дојдеш на афтерпарти вечерва?“, ја праша Диди, а актерката му кимна потврдно, по што раперот се насмеа.

Во снимката е прикажан и дел од церемонијата на доделување награди, кога Диди и актерот Ештон Качер ѝ ја врачија на Чејс наградата за нејзината улога Самара Морган во хоророт „Кругот“ („The Ring“).


Видеото предизвика многу негативни реакции на социјалните мрежи.

„Диди го правеше сето ова јавно, но замислете што се случувало зад затворени врати. Се надевам дека ќе остане во затвор до крајот на животот“, „Ова е болно да се гледа“, „Ужасно е тоа што им го направи на сите овие луѓе. Уште повознемирувачки е тоа што многу луѓе знаеја за тоа, а сепак не направија ништо за тоа“, се само некои од коментарите.

Многумина се осврнаа и на фактот дека Качер бил присутен за време на морничавата интеракција помеѓу Диди и Чејс, а моментот актерот ѝ ги ставил рацете на рамената на актерката особено им го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи.

„Интересно е дека Ештон Качер е секогаш во близина на Диди“, „Кога некој стои и гледа што се случува, тоа значи дека учествувал во тоа злодело“, се дел од коментарите.

Ештон Качер и Диди / Фото: SBM / PictureLux / Profimedia

Да потсетиме, Диди беше уапсен во средината на септември и сè уште е во притвор откако трипати му беше одбиена кауција. Така, тој ќе се соочи со неговото судење, кое е закажано за почетокот на мај 2025 година, зад решетки. Раперот се товари за рекетирање, трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и криминални дејствија поврзани со проституција. Покрај тоа, тој беше обвинет за сексуална злоупотреба и силување на мажи и жени, вклучително и малолетници.

Ештон Качер одби да коментира како било на контроверзните забави на Диди: Ух, имам многу да кажам, но не смеам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот