
ВИДЕО | Многумина дури сега открија кое е вистинското име на Вин Дизел: Тој само еднаш зборуваше на оваа тема
Иако се чини дека името Вин Дизел е измислено само за филмската индустрија, многумина неодамна дознаа дека тоа всушност воопшто не е неговото вистинско име.
Препорачано
Актерот го спомна своето вистинско име во 2005 година, за време на гостувањето во шоуто Елен, една година пред „Брзи и бесни: Токио дрифт“ да се појави во кината. Елен веднаш ја отвори темата, коментирајќи дека Вин Дизел едноставно не може да биде неговото вистинско име.
„Знаеш што? Не е“, рече Дизел низ смеа. Тогаш открил дека неговото вистинско име нема никаква врска со името по кое денес го знае целиот свет.
„Моето вистинско име е Марк Синклер“, рече тој, објаснувајќи дека го смислил прекарот „Вин Дизел“ додека работел како обезбедување. Тој и неговите колеги користеле „лажни имиња“ во случај некогаш да западнат во неволја.
„Почнаа да ме викаат Вин Дизел, поради некоја луда причина“, се присетил низ смеа.
Но Елен не ѝ беше јасно од каде потекнува прекарот „Дизел“.
„Во Њујорк, кога имаш малку прекумерна тежина, велат „тоа е Дизел“, ѝ објаснил актерот.
Иако оваа приказна ја раскажа пред речиси 20 години, некои од неговите обожаватели дури сега го откриваат вистинското значење на неговото име.
На Reddit, еден корисник напиша:
„Смешно е, дури и со име како Вин Дизел никогаш не ни помислив дека тоа можеби не е неговото вистинско име“, а многумина се согласија со него.