Пети Смит / Фото: EPA-EFE/Pepe Torres

ВИДЕО | „Многу ми е жал“: Легендарната Пети Смит се онесвести среде настап во Бразил

Американската музичарка и поетеса Пети Смит (78) се онесвести за време на настап во Бразил, откако неколку дена страдала од силни мигрени, пишува „Гардијан“.

Според „Folha de S. Paulo“, таа паднала на сцената околу 30 минути по почетокот на настанот, додека читала текст за климатската криза. По интервенцијата на медицинскиот тим, беше однесена зад сцената со инвалидска количка.

Смит подоцна се врати за да се извини: „Докторот рече дека не можам да продолжам. Многу ми е жал“. Публиката реагираше со поддршка: „Не грижи се, те сакаме!“

@o_video_de_nilton Patti Smith voltando para o palco para encerrar sua apresentação e se despedir do público de São Paulo nesta noite de 29 de janeiro após se sentir mal. Ainda assim, deu um show! ?????? #pattismith ♬ som original – Nilton Serra

Иако настапот беше прекинат, нејзиниот колектив „Саундвок колектив“ објави дека таа е под лекарска грижа и ќе продолжи со турнејата следниот ден.

Смит, чиј последен соло албум „Banga“ излезе во 2012 година, во последниве години се посвети на пишување и соработки со „Саундвок колектив“. Во декември 2023 година, кратко беше хоспитализирана во Италија поради ненадејна болест.

Легендарната Пети Смит хоспитализирана: Поради ненадејна болест го откажа настапот во Италија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!