Вања Михајлова / Утрински брифинг
Вања Михајлова / Утрински брифинг

ВИДЕО | Михајлова: Важна е политичката волја судски да се испитаат имотите на функционерите

Во Хонгконг и Сингапур најдобро е изразен фискалниот патриотизам, најмногу поради тоа што најмногу се води сметка за тоа што и колу имаат и заработуваат функционерите. Зошто законот за потекло на имот, со заборав ги амнестира некогашните функционери?

-Секаде функционерите сакаат да го скријат имотот, но треба да почне да се казнува. Ако се свесни дека постои казнување, нема да го прават тоа. Во владеење на правото многу е битно и образованието од мали нозе, вели Вања Михајлова, бивш антикорупционер и дел од Инситутот за човекови права.

Според анкетните листови некои функционери беа за жалење, немаа никаков имот, вели Михајлова и додава дека затоа е донесен новиот закон, за да се вклучат и блиските лица на избраните и именувани лица. ДКСК може да ги испитува и овие лица како и лица со кои функционерот има финансиски интерес.

-Функционерите сега се чувствуваат комотни зато што мислат дека позицијата или партијата ќе ги заштити, вели Михајлова.

Во јавноста нема подататок за колку лица е поведена постапка за испитување на имотот. ДКСК секогаш се соочува со несоработка со другите органи кои не ги доставуваат податоците.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот