Фото: Скриншот/Јутјуб

ВИДЕО | Метју Меконахи одбил понуда од 14,5 милиони долари: „Повеќе не сакам да глумам во такви филмови“

Холивудскиот актер Метју Меконахи откри дека ја одбил една од најголемите понуди во својата кариера, вредна 14,5 милиони долари, затоа што повеќе не сака да глуми во романтични комедии.

Во гостување во подкастот „The Diary of a CEO“, 55-годишниот актер објасни дека се повлекол на својот имот во Тексас кога сфатил дека Холивуд не сака да му понуди улоги во драми, и покрај тоа што бил подготвен да прифати и значително помал хонорар.

„Глумејќи во такви улоги добивав квантитет, но не и квалитет. Она што сакам да го работам се драми, но Холивуд не сака да ми ги понуди. Тогаш му реков на мојот агент: ‘Нема повеќе романтични комедии’“ изјави Меконахи.

Актерот откри дека неодамна, по двегодишна пауза, повторно му била понудена улога во романтична комедија. Прво му биле ветени осум милиони долари, потоа десет, па дванаесет, сè додека конечно не дошла понуда од 14,5 милиони.

„Кога ја видов последната понуда, реков: ‘Дајте ми да го прочитам сценариото повторно’. Го прочитав, а тоа беа истите зборови како во претходната понуда од осум милиони што ја одбив, само што беше подобро напишано“, раскажа Меконахи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот