фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

ВИДЕО | Меси: Им се извинувам на соиграчите и чекам да видам што ќе направи ПСЖ со мене

Францускиот фудбалски клуб ПСЖ го суспендираше Лионел Меси поради кршење на клупската дисциплина. Аргентинецот со семејството замина на патување во Саудиска Арабија, само еден ден по мечот со Лориен. Пари Сен Жермен го загуби тој меч на „Паркот на принцовите“. Се испостави дека тоа го направил без дозвола од клубот, поради што следуваше суспензијата.

Меси наводно малку порано одлучи да не го продолжи договорот со парижаните и веќе ќе може слободно да преговара со други клубови.

– Мислев дека ќе имаме слободен ден по натпреварот како и обично. Имав планирано патување и не можев да го одложам. Веќе го одложив и претходно. Им се извинувам на соиграчите и чекам да видам што ќе направи клубот со мене – изјави Меси во видео-обраќање преку своите социјални мрежи.

– Понуда од 400 милиони долари за Лионел Меси, двојно повеќе од Кристијано Роналдо

Доста шпекулации се вртат околу иднината на Лионел Меси кој наводно повеќе не сака да игра за ПСЖ. Според „Ројтерс“, Аргентинецот има една понуда и таа доаѓа од Саудиска Арабија, поточно од Ал-Хилал.

Аргентинските медиуми наведуваат дека понудата е вредна 400 милиони долари за една година. Тоа е речиси двојно повеќе од сумата за која Кристијано Роналдо потпиша за Ал-Наср. Доколку ја прифати понудата, Меси би тргнал по патот што го започна неговиот најголем ривал Кристијано Роналдо, кој блеска со своите голови во дресот на Ал-Наср, иако недостасуваат трофеите.

ПСЖ се огласи по навредите на навивачите кон Меси и Нејмар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот