X@@rmsothebys

ВИДЕО: Мерцедесот на Фанџо и на Мос продаден за рекордни 51.155.000 евра

Автомобилот од 1955 година што учествувал во шампионатот на Формула 1 достигна неверојатна цена

Формула 1 автомобилот на Мерцедес што го возеле Хуан Мануел Фанџо и Стирлинг Мос е продаден на аукција во Германија за рекордни 51.155.000 евра.

Автомобилот „В196 Штормлиниенваген“ го возеше Фанџо во победата на гран-при на Аргентина во 1955 година и Мос на Италијанското ГП истата година. Тоа е само еден од четирите останати вакви модели во светот.

Продаден од аукционерската куќа Сотеби во музејот на Мерцедес во Штутгарт во име на Индијанаполис Мотор Спидвеј, автомобилот го собори рекордот за најскап гран-при автомобил некогаш продаден и втор најскап автомобил од било каков вид, зад Мерцедес „300СРЛ Уленхаут Купе“ од 1955 година, продаден во 2022 година за 135 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот