Флотилата Сумуд/Фото: Ognjen Markovic / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Меѓународната флотила пријави прелет на дронови додека се приближува кон Газа

Меѓународната флотила што се обидуваше да ја пробие поморската блокада на Газа и да достави хуманитарна помош до палестинската енклава пријави прелет на беспилотни летала во зори додека се приближуваше до својата дестинација, објави Тајмс оф Израел.

„Влеговме во зоната со висок ризик, областа каде што претходните мисии беа нападнати и/или пресретнати“, се вели во пораката на платформата Телеграм од Глобалната флотила за отпорност (GSF).

Бидејќи бродовите на италијанската морнарица престанаа да ја следат флотилата, италијанската премиерка Џорџа Мелони во вторникот ја повика мисијата на GSF да не се приближува до брегот на Газа за да не се поткопа дипломатската иницијатива за постигнување мировен договор по презентирањето на планот од 20 точки од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.

Мелони апелира до хуманитарната флотила што носи помош за Газа да се повлече

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот