Задржан студент од Србија на флотилата кон Газа - Извор X

ВИДЕО | Меѓу задржаните на флотилата на солидарноста за Газа и студент од Србија

Меѓу активистите на хуманитарната флотила, која вчера беше пресретната од израелската војска на пат кон Газа, е и студентот од Србија, Огњен Марковиќ, потврдија неговите колеги од Факултетот за драмски уметности, објави Nova.rs.

Порака на студентот пред притворањето

„Израелските сили штотуку ја презедоа контролата врз бродот Адара, еден од бродовите во флотилата Сумуд што носеше хуманитарна помош за Газа. Нашиот колега Огњен Марковиќ исто така беше на овој брод“, објавија студентите на социјалните мрежи.

Тие споделија и видео порака што Марковиќ ја сними пред пресретнувањето.

„Се викам Огњен и доаѓам од Србија. Ако го гледате ова видео, мојот брод беше пресретнат и нелегално сум приведен од израелските окупаторски сили“, започна Марковиќ. Во пораката, тој повика на притисок врз српската влада.

„Ве повикувам да извршите притисок врз српската влада да бара мое итно и достоинствено ослободување и да го прекине своето соучество во геноцидот“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот