ВИДЕО | Медицински хеликоптер се урна на автопат во САД

Медицински хеликоптер се урна на прометниот автопат 50 во Сакраменто, Калифорнија, откако доживеа „вонредна состојба во воздух“. Несреќата се случила вчера околу 19 часот по локално време, при враќање на леталото кон базата по транспорт на пациент во болница, објави британски Метро.

Хеликоптерот од непознати причини почнал нагло да губи висина и се урнал на средината од автопатот, блокирајќи ги двете ленти во насока кон исток. При падот критично се повредени три лица, а една од жртвите останала заробена под леталото.

Херојска акција на спасување

Мала екипа од локалната противпожарна служба, заедно со возачи кои се затекнале на местото на несреќата, успеале да го подигнат хеликоптерот и да ја ослободат заробената личност, која веднаш била пренесена со амбулантно возило.

Капетанот на противпожарната служба на Сакраменто, Џастин Силвија, изјави дека е вистинско чудо што никој од учесниците во сообраќајот не е повреден.

„Луѓето пријавија дека го виделе хеликоптерот како нагло паѓа, по што целиот сообраќај се забави“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот