Фото: EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

ВИДЕО | „Марка“ го прогласи Меси за најдобар во историјата

Шпанскиот весник „Марка“ го прогласи Аргентинецот Лионел Меси за најдобар во историјата.

На вчерашната церемонија наградата на Меси му ја додели директорот на „Марка“ Игнасио Гаљардо, а присутен беше и сопственикот на Интер Мајами, Хорхе Мас.

„Целта не е да стигнам до Мундијалот во 2026 година, туку да живеам ден за ден и да бидам во добра форма. Што остана за мене во фудбалот? Благодарен сум му на Бог, можам да кажам дека освоив сè што сонував.

Мојот најголем сон беше да стигнам до освојување на Светското првенство со Аргентина. Освоив сè во мојот живот. Не можам да побарам ништо повеќе“, изјави Меси при примањето на наградата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот