Џек Грилиш („Манчестер сити“)/фото: EPA-EFE/VINCE MIGNOTT

ВИДЕО: Манчестер сити со пресврт го совлада Лутон во Премиер лигата

Денеска во рамките од 16 коло во Премиер лигата составот на Манчестер сити како гостин триумфираше против Лутон со 2:1.

После првото полувреме водеа домаќините со голот на Адебајо (45+2`) по асистенцијата на Таунсенд.

„Граѓаните“ направија целосен пресврт во вториот дел за само три минути со головите на Силва и Грилиш на кој му асистираше Алварез.

Се одиграа уште два меча, Евертон со головите на Дукуре и Добин го совлада Челси, додека Фулам со 5:0 го декласираше Вест Хем со погодоците на Хименез, Вилијан, Адарабиојо, Вилсон и Карлос Винисиус.

На табелата водечки е Ливерпул со 37 бодови, пред Арсенал кој има 36, следува Астон Вила на третата позиција со 36, а четвртопласиран е Манчестер сити (33).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот