ВИДЕО | Манчестер Сити со голот на Бернардо Силва до финале во ФА Купот

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Бернардо Силва кој беше трагичарот за Манчестер Сити во пенал-серијата против Реал Мадрид денеска се претвори во херој и на својот тим му донесе финале во ФА Купот.

„Граѓаните“ славеа победа од 1:0, а победничкиот гол беше дело токму на португалскиот репрезентативец. Фудбалерот од средниот ред така ги казни сите промашувања на противничкиот тим кој пропушти неколку прилики да дојде до убедлива победа.

Во финалето Манчестер Сити ќе го брани трофејот освоен минатата година, а ќе игра против победникот од средбата помеѓу Манчестер Јунајтед и Ковентри.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот