Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ВИДЕО: Манчестер сити ја почна сезоната со титула во Комјунити шилд
Фудбалерите на Манчестер сити денеска го освоија трофејот Комјунити шилд, откако по изведувањето на пенали на Вембли во Лондон го совладаа Манчестер јунајтед со 7:6, а по регуларниот дел резултатот беше 1:1.
Препорачано
На славниот Вембли пред 78.416 навивачи, Јунајтед поведе со голот на Алехандро Гарначо во 82 минута, а израмни Бернардо Силва во 88 минута.
Во 54 минута голот кој го постигна Бруно Фернандеш беше поништен поради офсајд. Бидејќи по регуларниот дел немаше победник, освојувачот на трофејот беше решен по изведувањето на пенали.
Првиот пенал за Сити го реализираше Силва, а голманот Андре Онана го одбрани. После тоа, сите играчи на Сити беа прецизни – Кевин де Брујне, Ерлинг Халанд, Савињо, голманот Едерсон, Матеус Нунес, Рубен Диас и Мануел Аканџи.
Во тимот на Јунајтед четвртиот пенал го изведе Џејдон Санчо, но Едерсон го одбрани, додека последниот пенал го промаши Џони Еванс. Головите ги постигнаа Фернандес, Диого Дало, Гарначо, Касемиро, Скот Мектоминај и Лисандро Мартинез.
За трофејот Комјунити Шилд играат шампионите на Премиер лигата од минатата сезона, во случајов Манчестер сити и освојувачот на ФА Купот – Манчестер јунајтед. Сити го освои седмиот Комјунити Шилд, и прв од 2019 година. Јунајтед е рекордер со 21 титула, последен пат триумфираше во 2016 година.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
20мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
11час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5