
ВИДЕО: Манчестер сити и Реал Мадрид приредија спектакл, „кралевите“ славеа со луд пресврт во шест минути!
Манчестер сити и Реал Мадрид во дербито на вечерта во Лигата на шампионите приредија вистиски спектакл во кој видовме пет гола и пресврт на Реал Мадрид во завршницата за победа од 2:3.
Препорачано
Ерлинг Халанд беше расположен вечерва и со два гола ја обезбеди победата на англискиот гиант. Резултатот беше отворен со голот на Норвежанецот во 19. минута кога Гвардиол одлично со гради му ја спушти топката за норвешкиот голгетер да реализира. Ситуацијата беше блиску до офсајд, па се прегледуваше дури шест минути.
Тоа беше и единствениот гол во првите 45 минути. Реал Мадрид до израмнување дојде по еден час игра кога погоди Килијан Мбапе. Французинот ја искористи топката која ја доби во шеснаесеникот од Дани Себаљос.
На десетина минути пред крајот повторно на сцена стапи Халанд кој сега стрелаше од пенал за 2:1. Реал Мадрид не се откажа, Анчелоти во 84. минута на теренот го испрати Брахим Дијаз кој само две минути подоцна се запиша во листата на стрелци за 2:2. Како многу пати до сега во Лигата на шампионите, „кралевите“ успеаа да дојдат и до пресврт со погодокот на Џуд Белингем во 92. минута.
Фудбалерите на Јувентус на свој терен забележаа победа над ПСВ со 2:1. Беше Јувентус подобар противник, но не создаде премногу прилики за гол.
Мекени со една „бомба“ по половина час ја доведе „старата дама“ во водство, додека израмнување за гостите донесе Перишиќ во 56. минута. Голот за победа на италијанскиот состав беше дело на Мбангула во 82. минута.
Борусија Дортмунд е блиску до место во осминафијналето откако вечерва на гости го победи Спортинг со убедливи 0:3. Ќе потсетиме со истиот резулат претходно во првиот термин, ПСЖ го совлада Брест.
ФОТО: Навивачите на Манчестер сити со брутална порака го „поздравија“ Винисиус