фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

ВИДЕО: Манчестер сити го продолжува перфектниот скор во Премиер лигата

Манчестер сити триумфираше и во шестото коло од најквалитетната англиска фудбалска лига, денеска на својот „Етихад“ со 2:0 го совлада Нотингем форест.

Домаќините своите два гола ги постигнаа во првите 15 минути од првото полувреме, стрелци беа Фоден и Халанд.

Иако Сити од стартот на второто полувреме играше со фудбалер помалку поради црвениот картон на Родри, составот на Пеп Гвардиола до крајот на мечот ја задржаа предноста.

На табелата водат „граѓаните“ со 18 бодови, додека Нотингем форест после третиот пораз сезонава е на 10 место со седум бодови.

Во другите денешни мечеви од шестото коло во Премиер лигата: Кристал палас – Фулам 0:0 и Лутон – Вулверхемптон 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот