Францускиот претседател Емануел Макрон/ Фото: Ludovic MARIN / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Макрон бил запрен во Њујорк за да помине Трамп, францускиот претседател му се јавил, па продолжил пеш

Неочекуван инцидент се случи синоќа на улиците на Њујорк, каде што се одржува Генералното собрание на ОН.

Полицијата, која ги блокираше патиштата за да помине колоната возила на американскиот претседател Доналд Трамп, го запре автомобилот на францускиот претседател додека тој ја напушташе ОН, каде што официјално го објави признавањето на државата Палестина од страна на Франција.

„Жал ми е, господине претседателе, сè е блокирано во моментов“, се слуша како еден од полицајците му вели на францускиот претседател Емануел Макрон.

На шега, францускиот претседател излегол од возилото, му се јавил на Трамп и го замолил да „го отвори патот“.

„Те чекам на улица бидејќи сè ти е блокирано“, му рече Макрон на американскиот претседател.

По неколку минути, патот се отворил, но само за пешаци, па францускиот претседател се упатил пеш кон Француската амбасада, поздравувајќи ги изненадените минувачи што го пречекале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот