
ВИДЕО | Македонката Барбара Поповиќ со енергичен настап во финалето на „ИДЈ Шоу“ заврши на второто место
Македонката Барбара Поповиќ, една од топ 12 финалистите на регионалното музичко шоу „ИДЈ Шоу“ (IDJ Show), во финалето се претстави со енергичен настап, кој ги воодушеви сите, но сепак заврши на второто место.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Барбара од самиот почеток важеше за еден од фаворитите. Во финалето таа имаше импресивен и енергичен настап, изведувајќи ја песната „Ватрена“, која за неа ја компонираше нашиот композитор и музички продуцент Дарко Димитров, воедно и еден од членовите на жирито во шоуто.
Барбара доби многу пофалби и за пеењето и за настапот, а и голема поддршка од регионот, но сепак, немаше доволно гласови за победа.
Од дванаесетте финалисти победи Ѓана Смајо, додека Барбара го освои второто место, а Тома третото место. Победникот ќе добие парична награда која ќе му помогне за развој на кариерата, снимање видеоспот и промоција во медиумите.
По завршувањето на натпреварот младата пејачка објави фотографија со Дарко Димитров и му се заблагодари за неговата безрезервна поддршката низ целиот процес.

„Сето ова е благодарение на тебе“, напиша Барбара на фотографијата.