
ВИДЕО | Македонец фаворит за победа: Мики Секуловски со импресивен настап на „Ѕвездите на Гранд“
Пејачот Мики Секуловски (36), кого домашната публика го запозна со учеството во „Македонски идол“, сега полека го освојува регионот со импресивните настапи на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.
Препорачано
Под менторство на Светлана Ражнатовиќ – Цеца, тој во последното издание на шоуто се претстави со песните „Након свих ових година“ на „Бијело дугме“ и „Алфа Ромео ГТА“ на Дадо Топиќ.
Стручното жири, составено од Александар Милиќ – Мили, Ана Бекута, Драган Стојковиќ – Босанац, Марија Шерифовиќ, Снежана Ѓуришиќ, Вики Миљковиќ и Ѓорѓе Давид, му даде шест гласа од можни седум.
„Досега имаше повеќе рок изведувачи на оваа сцена, но ти си далеку најдобар од сите кога станува збор за таа музика“, искоментира Шерифовиќ.
Ѓорѓе Давид, пак, стана од своето столче и го прегрна нашиот натпреварувач, покажувајќи го своето восхитување.
Тој пееше во дуел со 17-годишниот Инел Нукиќ, за кого жирито искоментира дека „немал среќа“, бидејќи му се паднало да се натпреварува со искусниот Секуловски.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
15мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5