Протест во САД со поддршка за Израел со транспарент со заробената Шани Лук/ Фото Ronen Tivony / Zuma Press / Profimedia

ВИДЕО: Мајката на киднапираната девојка Шани Лук тврди дека таа е жива и апелира да се пронајде и врати во Германија

Мајката на исчезнатата 22-годишната Шани Лук, Германка со израелско потекло верува дека таа е се` уште жива. Мајката Рикарда Лук преку германските медиуми уште еднаш упати апелирајќи до тамошната влада за помош.

Таа вели дека има информации дека Шани е жива, додавајќи дека добила сериозни повреди на главата и е во критична состојба.

„Секоја минута е вредна за нас, мора да дејствувате брзо и да ја извлечете Шани од Појасот Газа“, рече таа.

Видеата на младата жена станаа вирални на социјалните мрежи, откако беше земена како заложник од терористите на Хамас кои ја соблекоа и ја врзаа во багажникот на нивниот автомобил и продефилираа така низ градот. На друго видео, како што пишуваат странските медиуми, маж ја фатил за коса и ја плукнал.

Шани беше заробена во пустината Негев, во близина на границата со Газа, откако присуствуваше на музички фестивал. Се дознава и дека картичката на девојката била користена во продавница во Газа во неделата, еден ден откако Шани беше заробена.

Обвинителите во Германија во вторникот објавија дека започнуваат истрага против Хамас под сомнение за киднапирање и убиства на германски државјани по крвавите напади на терористичката група викендов.

Канцеларот Олаф Шолц рече дека Берлин интензивно работи со израелските власти во обидот да се открие судбината на германските граѓани кои се земени како заложници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот