Фото: EPA-EFE/RHONA WISE

ВИДЕО | Мајами на чекор од НБА финале, Бостон немоќен и во третиот натпревар

Кошаркарите на Мајами Хит не влегоа како фаворити во финалната серија на Истокот против Бостон Селтикс, но со фантастична игра веќе дојдоа до водство од 3:0.

На последниот натпревар изминатата вечер славеа убедлива победа од 128:102. Како и кошаркарите на Денвер, така и Мајами го дели само една победа од борбата за трофеј во НБА лигата.

Од почетокот до крајот Мајами доминираше и не дозволи Бостон да се надева на нешто. Изненадувачки херој на паркетот беше Винсент кој уфрли 29 поени, Батлер кој блескаше во претходните две средби сега застана само на 16 поени. Треба да се истакне и дека резервистите Робинсон и Мартин комбинираа 40 поени.

На спротивната страна Тејтум беше најефикасен со 14 поени и 10 скокови и тоа беше премалку за да му помогне на својот тим да направи нешто повеќе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот