
ВИДЕО: Магариња пред Собранието на Косово
Приштинскиот адвокат Арианит Кочи денес донесе четири магариња во косовското собрание, протестирајќи против блокадата на конституирањето на парламентот. Кочи рече дека магарињата биле донесени од Исток, пренесува Б92.
Препорачано
„По пресудата на Уставниот суд, утврдив кој е виновен, тоа е Албин Курти“, изјави Кочи пред новинарите.
Во исто време, тој ги критикуваше другите партии претставени во косовскиот парламент дека не се подготвени да придонесат за прекинување на сегашниот ќорсокак. Тој нагласи дека не сака да биде фактор на поделба, туку на единство.
„Можеби ваков вид блокада им одговара“, рече Кочи.
Според „Коха“, тој протестира веќе неколку недели поради застојот во работата на Собранието.
Десетици претставници на граѓански организации и невладини организации ги продолжија своите протести и денес пред зградата на косовското Собрание, барајќи итно конституирање на законодавното тело, објавија приштинските медиуми.
Констутитивната седница на Собранието на привремените институции на Приштина денес беше прекината по 41-ви пат, откако повторно не беше усвоен предлогот на Самоопределување за одржување тајно гласање за избор на претседател на Собранието.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
20сек
-
6мин
-
7мин
-
8мин
-
16мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5