Фото: Твитер

ВИДЕО: “Лудило и срам кои нè враќаат 50 години назад “ – остри критики на протестот во Сеул за потегот на претседателот Јол

Денеска низ Јужна Кореја се одржуваат бдеења и митинзи со свеќи. Учесниците се навредени и фрустрирани од изненадувачката декларација на претседателот за воена состојба, објави СНН.

Надвор од салата на Националното собрание во главниот град Сеул, стотици луѓе се собрале на скалите, додека внатре, опозициските партии се обидуваат да го отповикаат претседателот Јун Сук Јол, откако шест часовната воена состојба предизвика шок низ земјата

Луѓето на митингот кои зборуваа за CNN го опишаа потегот на Јун како “лудило” и “срам”.

За 64-годишната Ми-рај, краткотрајниот декрет ги врати мрачните сеќавања на поболното, авторитарно минато дефинирано со масовни апсења и кршење на човековите права.

“Чувството на страв целосно ме обземаше”, рече Ми-рај, која не сакаше да го користи своето вистинско име поради страв од одмазда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот