Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

ВИДЕО | ЛШ: Дербито на вечерта за Ливерпул, Јувентус ремизираше против Астон Вила

Фудбалерите на Ливерпул славеа во дербито на вечерта против Реал Мадрид со резултат 2:0 и така ги продолжија одличните резултати во Лигата на шампионите.

Во првото полувреме мрежите мируваа, не видовме и премногу прилики, но работите се променија во вториот дел. Се започна со голот на Мекалистер кој го отвори резултатот во 52. минута.

Голема прилика да донесе израмнување за Реал Мадрид пропушти Мбапе кој не реализираше најстрога казна. Само девет минути подоцна во 70. минута Салах на спротивната страна исто така не реализираше најстрога казна.

Предност од 2:0 за Ливерпул набрзо обезбеди Гакпо кој погоди во 77. минута. Тој резултат на крајот се покажа и како конечен. На табелата Ливерпул има 15 бода по пет кола и единствената екипа со максимален учинок. Од друга страна Реал со шест освоени бодови е во долниот дел на табелата на 24. место.

Динамо Загреб на Аријан Адеми и Стефан Ристовски не успеа да приреди изненадување и забележа убедлив пораз од Борусија Дортмунд со 0:3.

Реми без голови одиграа екипите на Астон Вила и Јувентус, Лил беше подобар од Селтик со 2:1, Бенфика славеше над Монако со 2:3, додека ПСВ на свој терен го доби Шахтјор со остиот резултат.

ВИДEO: Штутгарт прегазен во Белград, Црвена Звезда одигра натпревар за паметење!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот