
ВИДЕО | Ловеле гулаби на улица и ги сервирале како печени патки – Овој ресторан во Мадрид работел цели 10 години!
Ресторан во Мадрид послужувал градски гулаби како печена патка! Пронајдени се лебарки и месо од сомнително потекло. Сопственикот бил уапсен, а ресторанот бил затворен.
Препорачано
Кинескиот ресторан „Џин Гу“ во Мадрид наместо печена патка служел градски гулаби, поради што бил затворен. Полицијата го пребарала ресторанот кон крајот на март, а во скриена просторија за складирање нашла пар искубани гулаби, неколку вреќи со месо и морски плодови од сомнително потекло и птици инаку заштитени со закон во Шпанија. Магацинот бил преполн со лебарки.
Полицијата соопшти дека верува дека гулабите биле фатени на улиците, заклани и искубани во кујната на ресторанот. Сопственикот на објектот бил уапсен бидејќи ги служел како традиционален кинески специјалитет.
– Во Шпанија не е нелегално да се одгледуваат гулаби, но немаше документација за овие птици, ниту за поголемиот дел од месото пронајдено во кујната. Сигурни сме дека се работи за гулаби од градските улици – изјавил портпаролот на мадридската локална полиција за The Telegraph.
A Chinese restaurant in Madrid was shut down after being caught serving street pigeons as “roast duck” to customers.
Follow: @AFpost pic.twitter.com/1ZPsORCCWm
— AF Post (@AFpost) April 10, 2025
При проверка на валканата бања која се користела како складиште, полицијата на ѕидот пронашла полица зад која имало скриена врата. Во просторијата виделе одмрзнато месо како се суши на решетка додека лебарки се шетале околу него.
Замрзнувачите немале исправен термометар и биле преполни со месо, риба и други морски плодови за кои немало потребна документација. Меѓу нив имало и морски краставици, дури и видови чија трговија е забранета со закон во Шпанија. Полицијата пронашла и вреќи со школки за кои веруваат дека потекнуваат од азиски мочуришта.
– Во скриениот магацин имало повеќе од еден тон храна од непознато потекло – соопшти полицијата.
Станува збор за ресторан кој работи повеќе од 10 години, а има бројни рецензии на интернет, од кои дел се позитивни.
Некои корисници коментираат дека ресторанот има лоша хигиена, а патката е со чуден вкус.
– Храната е ужасна. Патката имаше вкус кој во најмала рака беше чуден и изгледаше како кујната да не е исчистена со месеци – напишал гостин на ресторанот кој бил таму во јануари оваа година.
Сопственикот на ресторанот е под истрага за можни кривични дела поврзани со јавното здравје и трговија со диви животни и заштитени видови.
A Chinese restaurant in Madrid was shut down after being caught serving street pigeons as “roast duck” to customers.
Follow: @AFpost pic.twitter.com/1ZPsORCCWm
— AF Post (@AFpost) April 10, 2025