
ВИДЕО | Литванија славеше во балтичкото дерби за четвртфинале на Евробаскет
Денеска во третиот натпревар од осминафиналето на Европското првенство во кошарка, репрезентацијата на Литванија во Рига ја совлада домашната селекција на Летонија со 88:79.
Препорачано
Како клучна се покажа првата четвртина која играчите предводени од селекторот Римас Куртинаитис ја освоија со 28:18. Потоа, литванските кошаркари ја одржуваа ваквата предност, иако во вторите 10 минути Летонците се доближија неколку пати на само „минус два“. Сепак, на паузата тимот на Куртинаитис водеше со 47:37 на семафорот.
The Lithuanian Bald Mamba out there torching Latvia.#EuroBasket | #MakeYourMark pic.twitter.com/xsNVVzROLi
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 6, 2025
CAPTAIN LITHUANIA 🇱🇹#EuroBasket | #MakeYourMark pic.twitter.com/WoN9idhjLQ
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 6, 2025
Ништо не се промени резултатски во третиот период, и натаму фаворизираните Литванците го контролираа водството, а пред стартот на завршните 10 минути имаа 66:54.
Позитивата во завршницата порасна и на „плус 15“ (75:60), летонските репрезентативци се обидуваа со сите сили да се вратат во игра, во тоа и успеаја, направија серија од 17:6 и се доближија на само „минус четири“ негатива (81:77).
Porzingis is doing everything he can to keep Latvia 🇱🇻 in this game!#EuroBasket pic.twitter.com/Fj0fUqTI0g
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 6, 2025
Се влезе во пенал завршница во која посмирени беа Литванците и ги реализираа во најголем дел своите слободни фрлања и воедно не му дозволика на противникот да се надева на изненадување и целосен пресврт.
Прв стрелец во победничките редови беше Арнас Величка со дабл-дабл учинок од 21 поен и 12 асистенции, воедно имаше и пет скокови. На спротивната страна недоволна беше одличната партија на Кристапс Порзингис кој исто така запиша дабл-дабл од 34 поени и 19 скокови.
Литванците во четвртфиналната фаза на Евробаскет ќе играат против победникот од дуелот помеѓу репрезентациите на Грција и Израел.