Фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

ВИДЕО: Леверкузен го елиминираше Баерн од Купот на Германија!

Eкипата на Баерн Минхен вечерва доживеа елиминација од Купот на Германија откако со 1:0 гигантот од Минхен претрпе пораз од големиот ривал Баер Леверкузен.

Одлучувачкиот момент се случи веројатно во 17. минута кога Мануел Ноер заработи црвен картон поради прекршок кој го направи надвор од шеснаессетникот. На местото на Ноер на голот застана Перец, а Лерој Сане беше „жртвата“ која мораше да го напушти теренот.

Баерн во финишот од првиот дел и со играч помалку создаде неколку прилики за гол, меѓутоа изостана реализацијата. Победата за Леверкузен ја донесе Натан Тела кој знаеше да го искористи нафрлувањето од Грималдо за 1:0.

Во останатитите натпревари кои се играат денес место во осминафиналето изборија, Армнијата Билифилд, Штутгарт и Вердер Бремен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот