фото: EPA-EFE/Carl Recine

ВИДЕО: Леонардо Бонучи ја продолжува кариерата во Фенербахче

Во соопштението на Фенербахче се вели дека 36-годишниот Леонардо Бонучи ќе го носи дресот на турскиот фудбалски клуб до крајот на оваа сезона.

Турците го потврди трансферот на искусниот италијански дефанзивец, чија свеченост на потпишувањето на договорот беше одржана на стадионот „Улкер“ во Истанбул.

Ти посакуваме добредојде и успех со Фенербахче – стои во објавата на турскиот клуб.

Бонучи претходно во својата богата кариера настапуваше за Тревизо, Бари, Јувентус, Милан и Унион Берлин.

Најголемите успеси ги имаше со Јувентус со кој осум пати ја освојуваше Серија А, а два пати беше финалист во Лигата на шампионите.

За најдобрата италијанска репрезентација забележа 121 настап и постигна осум голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!