Фото: Принтскрин / Инстаграм

ВИДЕО | Ледената Бетика се присети на моментот што ѝ го променил животот: На само 18 години ме прегази…беше под дејство на алкохол

Ресенчанката Бети Котовчевска, која на македонската јавност ѝ е позната како „ледената Бетика“ и девојката која се капе во екстремно студени води, побудена од трагичниот настан каде младата Фросина Кулакова прерано го изгуби животот, откако беше прегазена на булевар „Партизански одреди“, се присети на моментот што ѝ го променил животот.

Имено, Бетика сподели видео во кое може да ја видиме како влегува во ладните езерски води. Таа, оваа емотивна објава ја посвети на Фросина и се присети на моментот кога била повредена при сообраќајна несреќа, каде човекот зад воланот бил униформиран полицаец под дејство на алкохол.

„Денес не зборувам јас, Фросина зборува преку мене.

Можеби ова вечно ќе го чував за себе, но денес бил денот. На само 18 години ме прегази чичко полицаец.

-Беше под дејство на алкохол, униформиран полицаец во сопствено возило, после несреќата ме остави на улица брзајќи се да ја пречека делегацијата.

Очевидците наредниот ден, неми останаа.
(Платени, сите да молчат )
Сега можеби ме читате, ако читајте ме. Јас сум вистина!

И судот нем остана!
Имаше кривични дела за в затвор да скапе.

Тој ден не бев уплашена за себе, тој ден бев уплашена за него, зошто татко ми одеше да му пресуди.
Тој ден ја молев Мајката, го молев Бог, смирение за го облее татко ми, чунки за човек ќе одговара.

Поминаа 11 лета, чичко полицаец и пензија си дочека.

Правда не најдов.
Ја заташкаа работата.
Правда не најдов.

Денес не зборувам јас.
Денес зборува Фросина преку мене.

Почивај во мир малечка.
И прости ни!“, напиша Бетика покрај видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Betika ✨ (@_betika_)

Разговор со Бети Котовчевска: Македонката која се капе во студени води, личен рекорд ѝ е минус 33 степени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!