Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

ВИДЕО | Лавина во турско скијалиште

Голема лавина се сруши по падините на Паландокен, едно од најпознатите зимски центри во Турција во близина на Ерзурум.

Како што пренесуваат турските медиуми, дел од гостите ги фатила паника, но нема повредени, но областа е затворена за посетители.

На местото на настанот се испратени екипи на Министерството за внатрешни работи за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД), противпожарни бригади и жандармерија.

Лавината ја затрупа северната падина на ски-центарот, изјави гувернерот на Ерзурум Мустафа Чифтчи.

Тој изјави дека, според првичните информации, нема повредени, но дека не ја исклучуваат можноста некој да е закопан, па на местото на настанот се испратени екипи за пребарување и спасување.

„Истовремено почнуваме да ги расчистуваме снежните наноси кои ја затрупаа патеката“, рече Чифтчи, додавајќи дека на другите патеки нема ризик.

Тој апелираше до скијачите да не се обидуваат да скијаат на патеките што се затворени додека не бидат безбедни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот