Фото: Принтскрин/ Јутјуб

ВИДЕО | „Last Christmas“ прослави 40 години: Приказната за хитот кој не требал да биде божиќен

Песната „Last Christmas“ на британското дуо „Wham“ беше објавен во 1984 година и стана незаменлив дел од празничните прослави. Иако поминаа четири децении од неговото објавување, „Last Christmas“ останува еден од најголемите хитови во овој период од годината.

На Јутјуб официјалното видео има над 900 милиони прегледи и речиси 280 илјади коментари. Интересно е што песната е создадена спонтано. Имено, Џорџ Мајкл ја напишал и изработил во текот на еден викенд во неговата спална соба. Иако се смета за божиќна класика, текстот на песната е всушност за тажна љубовна приказна и не е за Божиќ.

Уште еден интересен податок е дека Мајкл ја напишал песната кон средината на летото со намера да го освои првото место на топ листите. Меѓутоа, за време на нејзиното оригинално издание во 1984 година, песната не успеала да се искачи на топ листата. Тогаш најпопуларна божиќна песна била „Do They Know It’s Christmas?“ од Бенд Еид, во која учествувал и самиот Мајкл. Дури минатата година, „Last Christmas“ за прв пат се најде на врвот на божиќните топ листи во Британија, 39 години откако песната беше првпат објавена.

Интересно е и тоа што Мајкл беше тужен за плагијат поради наводните сличности помеѓу „Last Christmas“ и песната „Can’t Smile Without You“. Но, тужбата на крајот била отфрлена бидејќи музиколог докажал дека има околу 60 песни со слични мелодии и акорди.

Оваа година, швајцарскиот ски-центар Саас-Фи ја одбележува 40-годишнината од песната, бидејќи токму таму во 1984 година беше снимен спотот за „Last Christmas“. На прославата на годишнината, посетителите можат да уживаат во караоке кабини, тури со водич и „Wham“ тематски коктели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот