фото: facebook.com/FKVardarSkopje

ВИДЕО | Ла Фиорита беше немоќна во Скопје: Вардар на чекор од второ коло!

Екипата на Вардар е единствена која славеше победа од трите македонски претставника кои вечерва играа во првото коло од квалификациите за Конференциската лига.. „Црвено-црните“ на арената „Тодор Проески“ беа подобри од Ла Фиорита со убедливи 3-0.

Напаѓаше Вардар од самиот почеток и се редеа шанси пред гостинскиот голман, но вооо првиот дел сепак не видовме погодоци. Веднаш на стартот од второто полувреме, Вардар ја материјализираше својата надмоќ. Омерагиќ го отвори резултатот по одлична асистенција од Закариќ. Мазоти 20-тина минути подоцна си ја погоди сопствената мрежата за потоа Роџерс Мато да го потврди триумфот.

Вардар можеше да постигне и уште некој гол, меѓутоа резултатот не се промени, но и овој резултат го носи Вардар многу блиску до второто коло.

За разлика од Вардар, останатите македонски екипи немаа успешна вечер, Работнички и Силекс ги загубија своите натпревари и ќе мораат да бркаат негатива во реваншите.

Работнички и Силекс пред елиминација во првото квалификациско коло од Конференциската лига

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!