ВИДЕО: Културните работници маршираа низ Скопје и порачаа „Департизација сега“

Со извици „Департизација сега“ и „Доста е“ протестен марш денеска одржаа културните работници од струмичката иницијатива „Култура или фис-култура“. Едно од главните барања на иницијативата е отповикување на одлуката за назначување на професор по физичко за генерален директор на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица.

Пред Владата, културните работници порачаа дека ова не претставува само локален проблем, и дека тие се тука во името на сите кои се запоседнати од, како што рекоа, партиските канџи.

Освен во Скопје, денеска културни работници протестираа и во Охрид на кејот „Македонија“, пред споменикот „Св. Кирил и Методиј“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот