Profimedia

ВИДЕО | Култната песна на Роксет „It Must Have Been Love“ првично требала да биде божиќен хит – Безвременска балада која старее како добро вино

Песната на шведската група „Роксет“ е вонвременски хит. Прв пат беше хит кога беше објавена во 1987 година, потоа кога беше повторно реобјавена три години подоцна за потребите на филмот „Убава жена“, а потоа кога се појави во кантри и шпанска верзија. Ја напишал Пер Гесле, членот на дуото „Роксет“.

Песната е напишана откако ЕМИ Германија побарала од Мари Фредриксон и Пер Гесле да смислат интелигентен поп сингл.

Моќна балада на сите времиња

Помалку познат детаљ е дека оваа балада првично требало да биде божиќен хит, но „It’s a hard Christmas Day“ било заменето со „It’s a hard winter’s day“, а воведот на песната бил скратен затоа што продуцентите на филмот го побарале тоа.

Тоа беше втората најпопуларна песна во 1990 година по „Hold On“ на групата Вилсон Филипс.

Моќната балада стана трет број еден хит на „Роксет“ во САД и е една од најпродаваните песни на групата, бидејќи е златна или платинеста во многу земји.

Музичките критичари ја опишаа песната како „ремек дело на болката“, „безвременска балада која старее како добро вино“ и „најтажната песна за раскинување на сите времиња“. Снимањето на видеото, Мари Фредриксон го опиша како „надреално искуство“ бидејќи режисерот Даг Фрил сакал „сите движења да бидат забавени“, па таа морала да ја отвора устата со двојна брзина.

„Тоа беше мојата прва лекција зкако да пеам емотивна балада во стилот на Мики Маус. Чуден начин на заработување за живот“, изјави пејачката во една прилика.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот