Фото: Ројтерс / Твитер/принтскрин

ВИДЕО: Кучката Сила го оправда името: По 28 дена излезе со три кученца од под урнатините во Турција

Сопственикот на кучето Сила, женка-доберман стара две и пол години, се изненадил кога видел не едно, туку четири кучиња како излегуваат од урнатините на зграда во јужната турска провинција Хатај, цели 28 дена по катастрофалниот земјотрес кој однесе десетици илјади луѓе.

Кадир Кејфли рече дека побарал од локалните спасувачи да му помогнат да го извлечат неговото куче од урнатините, но никој не можел да влезе. „Мејако“, регионален тим за спасување животни, дошол напомош во понеделникот, пренесува „Ројтерс“.

По неколкучасовна работа, спасувачите успеале да стигнат до подрумот каде што било заробено кучето Сила.

„Видоа дека таа не само што преживеала речиси еден месец, туку во меѓувреме родила и три кученца“, раскажува тој.

Кејфли вели дека Сила преживеала и се окучила благодарение на големата кеса со храна за кучиња оставена во подрумот. Кучкат-мајка и малечките се пренесени на лекување во Адана.

Спасувачите рекоа дека таа е слаба, но може самата да се движи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!