Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram

ВИДЕО | Ксенија Кнежевиќ ја дава целата плата за храна: „Ураганката“ уживаше во бројните ужинки во текот на евровизиското финале

Пејачката на групата „Ураган“, Ксенија Кнежевиќ го воодушеви светот со својата харизма и настапот на Евровизија. Сепак, таа ќе остане запаметена и по нејзината голема љубов кон храната.

Ксенија истакна дека нејзините оброци се многу обилни и дека има среќа што тоа не влијае на нејзината тежина. Нејзините зборови ги откри Марија Шерифовиќ во нејзиното видео од зад сцената, каде Ксенија јаде колачиња додека ги прават финалните проби пред настапот.

Деновиве протече видео во кое Марија ја прашува „ураганката“ што појадувала тоа утро, а потоа Ксенија започна да набројува.


„Јас доручкував, но сакам да појадувам уште еднаш, за секој случај. Вака, појадував кроасан, бел леб, потоа почна да ме гризе совеста, па зедов интегрален леб со јајца и сланина, па си реков „еднаш се живее“ и кога веќе јадев и црн и бел леб, зедов и еден кроасан со џем од јагоди“, рече Ксенија, а на прашањето на Марија Шерифовиќ колку пари троши на храна, Ивана Николиќ додаде дека Кнежевиќ троши многу пари на храна.

„Таа целата своја плата ја троши на храна“, рече Ивана.

Очигледно е дека Ксенија сака да јаде и не го крие тоа, па затоа имавме прилика да видиме на неколку наврати за време на евровизиското натпреварување како ја користи секоја можност да ужива во бројните закуски, како на пробите, така и на паузите пред излегувањето на евровизиската сцена па дури и на самата финална вечер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот