фото: EPA-EFE/STR

ВИДЕО: Кристијано Роналдо со фантастичен гол го „круниса“ пресвртот на Ал Наср

Кристијано Роналдо со прекрасен гол му донесе победа на Ал Наср во 28 коло од шампионатот на Саудиска Арабија.

Ал Наср беше домаќин на Ал Шабаб и го совлада со 3:2 иако имаше негатива од 2:0. До 40 минута гостите водеа со двата гола на Кристиан Гуанка, а во 44 минута намали Андерсон Талиска.

Во воведните минути од вториот дел беше направен пресвртот, најпрво во 51 минута Абдулрахман Гариб израмни за 2:2, а Кристијано Роналдо осум минути подоцна зголеми на 3:2.

Португалецот со убав удар од работ на шеснаесетникот го совлада гостинскиот голман за важни три бода.

Ал Наср моментно е втор во првенствената табела, со три бода помалку од лидерот Ал Итихад. До крајот на шампионатот остануваат уште две кола, па играчите на Динко Јеличиќ се надеваат на кикс на водечкиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот