фото: EPA/JOSE SENA GOULAO

ВИДЕО | Кристијано Роналдо сега има 942 голови во кариерата

Најдобрите португалски фудбалери победнички ги стартуваа квалификациите за пласман на Светското првенство следната година. Португалија славеше убедливо со 5:0 во Ереван против Ерменија, а два гола беа дело на Кристијано Роналдо.

Роналдо го зголеми својот рекорд на сите времиња и сега неговиот учинок е 140 гола за репрезентацијата. Играчот на Ал Наср го надмина Лионел Меси на вечната листа на стрелци во квалификациите за Светското првенство.

Португалецот сега е на 37, еден повеќе од Аргентинецот и два помалку од апсолутниот рекордер Карлос Руиз од Гватемала.

Роналдо ги постигна своите два голови во 21 и 46 минута од натпреварот против Ерменците, двапати во листата на стрелците се запиша и Жоао Феликс и еднаш Кансело.

Не е потребно ни да се каже дека Роналдо е најдобриот стрелец на сите времиња на клупско ниво, односно сега има 942 гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот