џои честнат крал на хотдози хот дог крал шампион светски рекорд хот дог

ВИДЕО: „Кралот на хот-дозите“ си ја одбрани титулата со изедени рекордни 76 сендвичи

Светскиот шампиот во јадење на хот-дози Џои Честнат си го соборил сопствениот светски рекорд. Тој за 10 минути проголтал 76 виршли и лепчиња за време на натпреварот „Nathan’s Famous International Hot Dog Eating Contest“, пренесува „CNN“.

Ова е 14-ти пат највисоко рангираниот јадач на хот-дози во светот да ја освои титулата во последните 15 години, јадејќи 26 сендвичи повеќе од второпласираниот Џефри Еспер и еден повеќе отколку што успеал самиот минатата година.

„Чувството беше добро“, вели Честнат во интервју за „ESPN“ по неговата победа во неделата. „Дури и да ми беше непријатно, сите што ме охрабруваа и навиваа, ме натераа да се чувствувам добро“.

Годишниот фестивал на четврти јули обично се случувал во населбата Кони Ајленд во Бруклин. Но, оваа година со ограничувањата за корона вирусот настанот се одржал на бејзбол стадион со 5000 гледачи. Минатата година се одржувал во затворени простории и без присутна публика поради пандемијата, пренесува „NBCNews“.

Честнат рекол дека му недостигале обожавателите минатата година. „Цела година со нетрпение го чекав ова“, изјави тој за „ESPN“  во интервјуто пред овогодинешното натпреварување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joey Chestnut (@joeychestnut)

Според „Nathan’s“, легендата вели дека првиот натпревар од ваков вид се одржал на 4 јули 1916 година, бидејќи четворица имигранти се натпреварувале да покажат колку се патриоти, јадејќи виршли на штандот на „Nathan’s“ на Кони Ајленд. Натпреварот се снимал од 1972 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот