Фото: Скриншот/Инстаграм

ВИДЕО | „Кралот на гениталиите“: Откриен нов род тарантули со голем полов орган

Фински истражувачи открија четири нови видови тарантули, кои ги групираа во сосема нов род. Во него е вклучен и петти вид, претходно опишан, но досега сместен во друг род, пишува „Саенс алерт“.

Највпечатливото откритие е Satyrex ferox, чиј назив значи „свиреп“, добиен поради агресивната природа на овој вид. Другите нови видови се S. arabicus и S. somalicus, именувани според регионите каде што се пронајдени (Арапскиот Полуостров и Сомалија), како и S. speciosus, наречен поради неговата посветла боја.

Мажјакот на еден од видовите е толку обдарен, што научниците го нарекле „кралот на гениталиите“. Иако пајаците немаат пенис во класична смисла, тие користат структури налик на раце – палпи, со кои ја собираат спермата од каналите во абдоменот и ја внесуваат во гениталниот отвор на женката.

Кај новоопишаниот вид, мажјаците имаат најдолги влакна од сите познати тарантули, до пет сантиметри, додека кај повеќето видови тие се само двојно подолги од оклопот.

„Врз основа на морфолошките и молекуларните податоци, тие се толку различни од своите најблиски сродници, што моравме да воспоставиме сосема нов род за нивна класификација. Го нарековме Satyrex“, објаснува арахнологот Алиреза Замани од Универзитетот во Турку, Финска.

Името потекнува од Сатир, машки духови на природата од старогрчката митологија, познати по своето нескромно однесување. Завршетокот „rex“ е латински за „крал“, популаризиран од ликови како Едип и тираносаурус.

Според научниците, долгите „прсти“ на мажјаците веројатно им овозможуваат да држат поголема дистанца за време на парење и да избегнат напад од агресивната женка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!