
ВИДЕО | Кралот Чарлс и кралицата Камила ќе носат охридски бисери
По повод посетата на Бакингемската палата во Велика Британија и средбата со неговото височество Кралот Чарлс Трети со амбасадорка од Македонија во Велика Британија, нејзината екселенција Катерина Ставреска, покрај протоколарниот дел од средбата организиран на највисоко ниво со неговото височество, почитуваната амбасадорка ја изрази срдечноста и пријателството на македонскиот народ кон британскиот народ со подароци од најубавите стари брендови кој традиционално ја претставуваат културата на Македонија и регионот низ светот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Брендот Охридски Бисер и Филигран-Филеви Т.М. 1928 изразува огромна благодарност за довербата и честа која ни беше укажана, за овој величествен чин, да биде избран нашиот луксузен бисерен накит кој специјално го изработи со огромна љубов, почит и позитивна енергија, четвртата генерација изработувач на оригинален охридски бисер и почесен конзул на Република Србија во Македонија со седиште во Охрид, м-р Михајло Филев.

Embassy of the Republic of North Macedonia-London
За неговото височество Кралот Чарлс Трети беа изработени копчиња за кошула од бисерни плочки гравирана со иницијали со посебна рачна техника и поставени во украсна филигранска уметничка контура.

Embassy of the Republic of North Macedonia-London
За нејзиното височество Кралицата Камила се изработи бисерен ѓердан во три реда со брош од бисерна плочка гравирана со ликот на кралицата на основа од оникс поставен на филигранска уметничка контура.